Докторот Тери Сандерсон (72) ја тужи холивудската актерка Гвинет Палтроу бидејќи сериозно го повредила на скијање во 2016 година во американската држава Јута. Сандерсон бара отштета од 3,1 милиони долари бидејќи во скијачкиот центар „Парк Сити Палтроу“ налетала на него со скиите, го удрила и продолжила да скија, објави „Дејли мејл“.

Слушнав хистеричен крик и удар од грбот, вели Сандерсон, кој додава дека актерката не застанала да види во каква состојба е за да му помогне.

Тој тврди дека подоцна до него дошол ски-инструкторот Ерик Кристијансен, кој му кажал дека самиот е виновен за несреќата и продолжил да скија.

Инструкторот и Палтроу, наводно, не ја повикале скијачката патрола ниту, пак, информирале некого за повредениот човек. Еден сведок тврди дека видел сè и ја препознал познатата актерка.

Сандерсон тврди дека добил потрес на мозокот и Палтроу му ги скршила ребрата. Актерката не коментира за овој случај, но веднаш ангажира адвокатски тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.