Српскиот актер, Бранислав Лечиќ, кој е обвинет од колешката Даниела Штајнфелд за силување, ја напушти полициската станица, по неколкучасовно испрашување. Имено, актерот ја напушти Полициската станица по повеќе од седум часа разговор, а по заминувањето не даде изјава. Обвинителството соопшти дека ги негирал обвинувањата, пренесе „Нова.рс“.

Бранислав Лечиќ даде изјава пред полицијата како граѓанин, на која присуствуваше и заменик-јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград. Во својата изјава тој целосно ги негирал обвинувањата на Даниела Штајнфелд.

Вишото јавно обвинителство во Белград продолжува да собира докази, со цел да донесе одлука за понатамошниот тек на постапката.

Тој ја напуштил станицата придружуван од адвокат, а кога заминал, го чекал автомобилот во кој влегол.

Лечиќ сè уште не е осомничен.

Кога ќе собере доволно докази, обвинителот ќе одлучи дали ќе покрене истрага против Лечиќ и за кое кривично дело.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.