Актерот Лане Гутовиќ се јави од болницата каде што беше хоспитализиран денеска во текот на денот поради сомневање за коронавирус.
Како што објавија медиумите денес, Лане Гутовиќ бил примен воено -медицинската академија во текот на денот, каде што бил тестиран за коронавирус.
Во оваа прилика, тој проговори и рече дека се чувствува добро:
– Не ми се јавувајте, во болница сум, тестиран сум за корона вирус – рече Лане Гутовиќ за Курир, а на прашањето дали се чувствува добро, актерот одговори со блага насмевка:
– Па, гледате, разговарам со вас, значи дека сум добро.
Како што пренесуваат српските медиуми, тој има и хронични заболувања, па затоа бил задржан на клиника како мерка на претпазливост, и најпрво поради симптомите на ковид.
На Гутовиќ прво му бил направен брз тест, кој покажал дека актерот е негативен на корона, но утре ќе има подетални прегледи и ПЦР тест.
Моментално е изолиран во соба во Военомедицинската академија и доколку се открие дека има коронавирус, веднаш ќе биде префрлен во надлежната болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.