Најпознатата балканска текстописка Марина Туцаковиќ од вторникот е хоспитализирана и се наоѓа под будно око на докторите. Покрај тешката малигна болест со која Туцаковиќ се бори со години, сега коронавирусот дополнително ја загрози нејзината здравствена состојба.
Според зборовите на директорот на клиниката каде што е сместена, таа е и понатаму во животна опасност.
Некаде прочитав дека Марина веќе не е на респиратор, жената е во екстремно тешка состојба, првенствено поради својата малигна болест, а ковидот само дополнително ја загрози. Жена во таква состојба и обичен грип би ја уништил, а не вакво нешто, рекол професорот Савиќ.
Таа и понатаму е респираторно нестабилна, со метастази на белите дробови и корона, открива директорот.
Се наоѓа на одделението за интензивна нега, животно загрозена. Од кај нас никој нема дадено информација дека Марина не е во животна опасност, тоа не е вистина. Жената е во екстремно лоша состојба, не личи на себе, едвај има 40 килограми, рекол докторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.