Во денешното издание на српски Курир излезе наводно интервју со домашната помошничка и дадилката на децата на Јелена Карлеуша во кое пишува дека вработената кај пејачката изјавила дека постојано добивала навреди од Јелена.
По излегувањето на ова интервју, веднаш на социјалните мрежи се огласи Карлеуша која вели дека една од новинарките на овој српски медиум постојано измислува лаги за неа, како и тоа дека дадилката на нејзините две ќерки никогаш не дала интервју за споменатиот медиум.
Несреќниците од Курир и опседнатата новинарка Лилјана Станишиќ продолжуваат со болни лаги. Овој пат го измислија интервјуто со дадилката на моите деца со цел да ме повредат мене и моето семејство. Нема кој да го запре дивеењето на овој болен џган – пишува Карлеуша во објавата
Притоа објави и приватни пораки со дадилката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.