Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика почина непосредно по сообраќајната несреќа во неделата наутро на автопат во Германија. Од автомобилот кој го удри пијан возач, жив е само кумот на Шабан, Слободан Бобан Стојадиновиќ кој се уште закрепнува во Германија.
Бобан се присетил на детали од сообраќјната несреќа и како изгледал, но открил и дека пејачот не сакал да иде на последниот негов настап.
Умееше да ме праша каде работиме идната недела, а кога беше поспедниот настап во прашање и кога слушна дека тоа е во Германија ми рече: Па зошто тоа не ми го помести за некој друг пат. Сега бевме во Германија, зошто одиме повторно. Му реков дека тоа е од порано договорен настап и дека во прашање е друг град и дека тоа му го должиме на менаџерот, а дека ќе одмараме во март и април – рекол Бобан.
Кумот на Шабан открил дека во последно време Шабан многу повеќе сакал да се одмара, отколку да работи.
Во последно време бараше од мене и Гоца да не му закажуваме настапи често иако можеше со денови да пее. Беше божјо дете и сите го сакаа- рекол кумот на Шабан, која додал дека Шабан бил вознемирен во последно време и дека не можел да спие дури и кога пиел таблети за спиење.
Велеше не сака сонот на очи. Видов дека е вознемирен. Сакаше само да оди во Крчедин и да лови риба – рекол Стоајдиновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.