Утре во 20 часот, во МКЦ гостува македонскиот актер, кумановец по потекло Влад Илиќ на стендап, соопшти организаторот „Скопје комеди клуб“
Ова е прво гостување на Илиќ, кој веќе седум години ја гради својата кариера како стендап комичар. По актерските студии на Малта, се сели во Лондон, каде во сериозна конкуренција ги освојува наградите „Stand Up Club’s New Comic of the Year“ и „Max Turner Prize“ на Comedy Virgins и влегува во елитата на лондонски комичари кои се посакувани на корпоративните или клупски забави. Изведува стендап на четири јазици и неговиот неодамнешен настап на Би-Би-Си му го обезбеди статусот на „ѕвезда“ во најава.
Влад е млад и перспективен комичар кој ги користи своите лични приказни и гледишта на тоа како е да се биде млад „милениумец“ од источна Европа во Лондон и сето тоа го преточува во супер вкусно комеди шоу со кое од ден на ден станува се пополурарен и баран по комеди клубовите во Англија.
Специјален гостин, кој ќе ја отвори вечерта е Никола Сиљаноски – Братучед, млад и перспективен стендап комичар од Охрид.
Настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани во јавен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.