Пред почетокот на вечното дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан во „мајсторката“ од полуфиналето во АБА-лигата беше забележана немила сцена во салата „Пионир“, каде што се случи тепачка меѓу навивачите.

Во еден момент еден од навивачите заврши со крвава глава, а потоа беше јасно дека тепачката е во ВИП-делот покрај теренот, а камерите го снимиле познатиот телевизиски водител и актер Милан Калиниќ и еден непознат навивач.

Навивачот по караницата го обвини Калиниќ дека тој прв го удрил.

Видеото од немилиот настан може да го погледнете ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.