Поранешниот сопруг на Гоца Тржан, познат по учествата во повеќе реални шоуа, Иван Маринковиќ бил нападнат од страна на неговата девојка Јелана Илиќ.
Како што пренесуваат српските медиуми, полицијата била повикана во нивната зграда во Нов Белград, отако во ходникот биле забележани крвави траги, а од нивниот спрат се слушала жестока кавга.
Полицијата го начекала Маринковиќ крвав, со повреди на рацете. Утврдено е дека Илиќ, и самата учесник во шоуто „Парови“ го нападнала својот партнер со ножици.
Таа во моментот се наоѓа во полициска станива, каде и самиот Маринковиќ ќе треба да даде исказ откако тоа ќе му биде дозволено од страна на докторите на Брзата помош, пренесува српски „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.