Американската пејачка Кристина Агилера, која во минатото важеше за секс-бомба на сцената, ужива надвор од фокусот на вниманието на јавноста.
Сепак, најновите папараци фотографии од Кристина предизвуикаа огромен интерес.
Агилера (40), која во текот на викендот уживаше во семејните моменти со свршеникот Метју Рутлер и шестгодишната ќерка Самер, покрај базен го покажа длабокото деколте во црн костим за капење и бујните облини, при што покажа дека има петнаесетина килограми повеќе отколку кога предизвикуваше воздишки на сцената.
Сепак, Кристина, вели дека не се оптоварува премногу со изгледот и дека е ужива во себе и во животот што го има.
Сега имам многу поголема самодоверба и свесна сум за себе. Надминав многу работи и се чувствувам одлично – изјави пејачката неодамна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.