Младата пејачка Наталија Лазиќ од Обреновац почина во Институтот за онкологија на 29-годишна возраст.
Наталија, поранешна учесничка во шоуто „Јас имам талент“, се борела со леукемијата, а фатален за нејзиниот живот беше коронавирусот.
Најпрвин пејачката која боледувала од леукемија била сместена во белградскиот Институт за онкологија, каде што, откако била третирана со цитостатици кои влијааат на пад на имунитетот, се заразила и со коронавирусот во моментот на лекување, што било фатално по нејзиниот живот.
Наталија пееше и изворна музика и рок, а пееше и на француски. Колегите, пред се’ од нејзиниот град, се збогуваа со Наталија на социјалните мрежи.
Инаку, таа работела како професор по француски јазик во едно основно училиште во Обреновац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.