Српската пејачка Милица Тодоровиќ видно ослабна за краток период, забележаа нејзините фанови. Иако нејзината килажа со години варираше, сега Тодоровиќ покажа дека во карантин изгуби доста од килограмите.
На „Инстаграм“ позираше покрај колешката Славица Чуктераш со која се заедно во карантин откако и двете се заразија со ковид-19 од почетокот на јули. Болеста доста влијаела на апетитот на пејачката, која се пожали дека иако има полесна форма на болеста, сепак се мачела со високата температура и омалаксаноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.