Музичарот Никола Јанков – Коки Јанков става крај и на вториот брак, пренесува естрадниот магазин „Бекстејџ“. Според нивните информации, бракоразводната постапка била во тек.

Коки од првата сопруга Росана, со која имаат и ќерка, се разведе лани по десет години брак. Неколку месеци подоцна се регистрираше со скопската адвокатка Маја Парговска, со која, пак, бил во четиригодишна врска пред врската со Росана.

Музичарот не сака да зборува за приватниот живот во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.