Не стивнуваат реакциите во јавноста по самоубиството на 21-годишната инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ, жртва на интернет-насилство.
Веста за нејзината смрт ја потресе јавноста во целиот регион, а се огласија и бројни познати личности кои ја нагласија важноста од превенција кога е во прашање таканаречениот сајбер-булинг.
Тоа го направи и славниот српски актер Никола Којо.
„Животот и така е прекраток. Младите мора да знаат дека всушност постојат и решенија за нивните проблеми, иако можеби моментално не го гледаат светлото на крајот од тунелот. Ако се прашувате што значат и колкава е моќта на навредливите коментари, сетете се на Кика. Со само 21 година стави крај на овоземскиот живот поради неиживеани личности кои седат зад тастатурата и ги навредуваат другите на најстрашен начин“, пишува тој.
Којо нагласува дека слична е ситуацијата и со националистичките коментари.
„Ќе бидете ли среќни ако некому му упатите глуп националистички или пресонално навредлив коментар? Имајте на ум дека коментарите болат, па и убиваат, дури може да бидат пресудни и за вооружен конфликт. Што, претерувам? Размислете! Вие не сте или не сакате да бидете свесни за ова. Мислите дека е забавно и ИН некого или нечии чувства да ги навредувате и да ги понижувате? Срам да ви е на сите кои пишувате навредливи коментари! Балканот е мој, како што е и ваш, но Балканот не научи во доволна мера да ги почитува успешните, другите и поинаквите и големо прашање е дали некогаш тоа ќе се случи. Кика нека почива во мир, а ние како општество паднавме на големиот испит за човечност и хуманост“, завршува актерот во своето обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.