Тапанарот на „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ, почина во 45 година од животот од последици на корона вирусот, а на еден од неговите последни снимки се гледа како со својот глас допира право во срцата на оние кои го слушале.
Бојан пред еден месец споделил снимка на својот Инстаграм профил, на која се слуша како ја изведува нумерата на покојниот Луис, „Кога еднаш ќе ме нема“.
Кога еднаш ќе ме нема, засекогаш кога ќе ги склопам очите, кога од овој свет како снег ќе се истопам. Дали ќе се сетиш дека тебе те сакав, од голема љубов се разболев. Кога еднаш ќе ме нема, кога небо ќе станам, дали во тебе како љубов ќе останам, гласат стиховите на песната.
Видеото може да го видите на овој линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.