Популарниот американски актер Џорџ Клуни во интервју за „W Magazine“ откри како го поминува слободното време кога е дома со децата поради пандемијата на коронавирус.
Тој раскажа како за време на карантинот открил колку всушност ги сака домашните работи, се разбира преку шега.
„Ќе ти кажам нешто за моето ново хоби. Јас пуштам две или три машини за перење на ден, и мијам садови цел ден затоа што нашите деца се вистински мали свињи“, рече Клуни со смеа и додаде: „И, треба да ги капете децата од време на време … Дури и ја исеков косата на мојот син, но се покажа многу лошо. Сепак, неговата коса ќе порасне брзо. Мислам, и јас си ја потстрижав косата. Но, јас не се осмелував да ја исечам косата на ќерка ми, затоа што ќе имам непријатни проблеми. Имено, сопругата ми се закани дека ќе ме убие ако ја допрам убавата долга коса на ќерка ми“.
Откри и неколку совети поврзани со консумирање алкохолни пијалоци, кои ги научил како дете.
„Тетка ми Роземери одамна ми рече никогаш да не мешам житарици и грозје. Така, текилата и виното никогаш не одат заедно. Исто така, не треба да пиете водка со шампањ. Ние од Кентаки го учиме тоа многу рано“, рече актерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.