Славната германска манекенка Клаудија Шифер се сликаше сосема гола за насловната страница на најновотоиздание на италијанското списание „Вог“ и покажа дека и на 48 години изгледа беспрекорно.

Староста треба да се слави и почитува. Имам 48 години, и така се чувствувам и се гордеам. Постои причина зошто имаме роденденски торти и забави по повод родендените, неодамна изјави КЛаудија, а сега и покажа дека се чувствува одлично во сопствената кожа.

Земајќи предвид дека за време на својата манекенка кариера красеше повеќе од 500 престижни насловни страници, на прагот на шестата деценија одлучи да ги овековечи 25-те години од првото позирање за овој магазин со спектакуларна насловна страница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.