Ќерката на пејачот Шабан Шаулиќ, Илда, прв пат се огласи во јавноста после смртта на татко и кој настрада на 17 февруари во сообраќајна несреќа.
Тоа е болка за цел живот и ништо повбеќе нема да биде исто. Беше голем човек и замина како легенда. Му благодарам за се и што ни остави песни низ кои засекогаш ќе живее. Иако сум слаба на татко ми, бев стабилна кога сето тоа се случи. Искрено не знам каде најдов сила – раскажала Илда во емисјата Балканска улица.
Пејачката се присетила и на нивниот последен разговор кој се случил непосредно пред последниот настап на Шабан Шаулиќ.
Беше сабота кога се подготвуваше да тргне во Германија на настап. Јас бев во студио и подготвував нова песна. Инаку немав обичај да го известувам што снимам. Меѓутоа тој ден баш посакав да му се јавам. Тој ми се јави и беше супер расположен. Му реков: Ајде пушти ја камерата, долго те немам видено. Фала богу што барем тој момент го фатив за да го видам- рекла Илда со кнедла во грлото.
Се уште не сум ги слушла неговите песни, се уште не можам. Боже, плачев на неговите песни додека уште беше жив, сега ќе плачам со некоја друга емоција – рекла Илда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.