Францускиот актер и поранешен сопруг на Моника Белучи, Венсан Касел, објави заедничка фотографија со нивната ќерка, Дева, за да и го честита 16. роденден.
Честитки, љубов моја – напиша Венсан споделувајќи ја фотографијата.
На фотографијата може да се забележи неверојатната сличност меѓу ќерката и мајката.
Убавата Дева веќе почна со манекенската кариера па неодамна сними кампања за славното дизајнерско дуо „Долче и Габана“.
Моника и Винсент се разведоа пред неколку години. Актерот сега е во брак со младата манекенка Тина Кунаки. Тие се во врска од 2016 година, а во 2018 запловија во брачниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.