Радио водителката и ќерка на славниот хрватски пејач Масимо Савиќ, Мирна Савиќ, направи тетоважа посветена на земјотресот што го погоди Загреб во март годинава, објавија хрватските медиуми.
Мирна објави фотографија со тетоважата на нејзината рака, посветена на земјотресот што пролетоска уништи делови од хрватската престолнина.

Во врска, пак, со земјотресот што повторно ја погоди нејзината земја, Мирна напиша коментар под фотографијата.
Планот беше испуканиот Загреб на мојата рака да згасне како сеќавањата на пролетта, но се чини дека оваа година ништо не оди според планот. Лесно можеме тие четири да ги претвориме во осум, ха – напиша Мирна алудирајќи на вчерашниот земјотрес кој повторно го потресе Загреб, како и неколку други градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.