Единствената ќерка на поп-иконата Мајкл Џексон, Парис Џексон, во разговор со Вилоу Смит, за емисијата „Разговори на црвената маса“, раскажува за тоа како било да се расте покрај Мајкл, за загубата на татко ѝ, средбата со мајка ѝ и за трауматичните искуства што ја довеле до депресија и желба да си го одземе животот.

Парис Џексон и Вилоу Смит ги поврзува повеќе од пријателство. Освен што се деца на познати родители, поради што од најрана возраст живеат опкружени со многу внимание од јавноста, нив ги поврзуваат љубовта кон музиката и фотомоделството, како и живот како единствени девојчиња во своите семејства.

Но, како што признаа во емисијата „Разговори на црвената маса“ и двете од рана возраст се бореле и со проблеми како прифаќање на телесната слика за себе, менталното здравје и сексуалноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ∴ WILLOW ∴ (@willowsmith)

Живот под строги правила

Парис и Вилоу се запознале пред 10 години на снимањето за серијата „Хоторн“ во која главната улога ја играше Џејда Пинкет Смит. Во тој период Парис и нејзините браќа Принц и Бланкет биле под старателство на Кетрин Џексон, мајката на Мајкл Џексон, по неговата смрт две години претходно.

Таа како голем верник во религијата Јеховини сведоци, ги одгледувала децата под строги правила. Па од деца кои патувале низ светот и дома се школувале, одеднаш се нашле во јавни школи и под будното око на јавноста.

Социјалната дистанца во период на пандемија ми ја влоши анксиозноста и постојано имав аудитивни халуцинации, како да слушам кликања од фотоапарати, па се случуваше да скокнам исплашено пред да сфатам дека само ми се причинува – открива Парис на почетокот од разговорот и додава дека поради тоа одела на посебна терапија.

Причината за ваквите халуцинации било постојаното прогонување од папараците и кликовите од нивните фотоапарати, кое трае од нејзиното раѓање до денес. Во еден миг Парис се потсети на немилиот настан на аеродром кога по смртта на Мајкл одвај им избегала на папараците плачејќи и молејќи ги да престанат да ја фотографираат и да ја следат.

Тоа едноставно беше насилство врз мене. Не сфаќаа дека ми треба мир и дека не сакам да ме следат на секој чекор – вели таа и додава дека почнала со посебен вид психотерапија што ги третира трауматичните спомени.

Обновено пријателство со мајка ѝ

Ваквиот живот ѝ создал големи проблеми и со приватното зближување со луѓе, од страв дека ќе ја искористат за да откријат нешто за нејзината приватност. Воедно тоа ја довело до панични напади кога ѝ се случувало телото да ѝ се замрзне и да колабира, а потоа и ја втурнало во депресија.

Најтешко ми беше кога имав 14 години и кога минував низ големо внимание од јавноста од една страна, а од друга страна бев жртва на сајбербулинг. Тогаш јавно признав дека сум бисексуалка, а тоа како да ги влоши работите и постојано добивав злобни пораки и коментари на моите профили на социјалните мрежи. Почнав да ги блокирам, се трудев да не ги читам, но безуспешно – вели Парис, која додава дека сето тоа било причина да си посегне по својот живот, поради што била хоспитализирана.

Во миговите додека се лекувала, сфатила колкава грешка направила и дека има светли точки во животот на кои треба да се посвети за да ги смени нештата на подобро. Воедно почнала да си посветува повеќе внимание и да се сака себеси, што ѝ ја кренало самодовербата и ѝ помогнало да се избори со сите претходни лоши искуства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.