Ќерката на Курт Кобејн, Френсис Бин Кобејн (28), во интервју јавно призна дека до пред неколку години трошела огромна количина пари без да има осет на што.
Како што обелодени Френсис, пред да сфати што прави, потрошила 11 милиони долари „во ветар“. Тоа било во 2016 година.
Требаше да останам без речиси сè за да сфатам некои работи во животот. Додека не се отрезнив, не сфаќав дека колку и да имате пари, ништо не е засекогаш – раскажува таа.
Како што вели Френсис, таа никогаш не била свесна за тоа колку пари и богатството поседува затоа што таа не ги заработила.
Сѐ е потешко, бидејќи тие пари не ги заработив јас. Имам чувство дека тоа се пари на некој човек кој никогаш не сум го запознала, што е и вистина. Отсекогаш имав чуден став кон тие пари затоа што не ги заработив. Се чинеа како огромен заем. Честопати се чувствував виновна затоа што имав чувство како да трошам пари на некој странец – вели таа во интервјуто.
Френсис долги години се мачела со дрога и алкохол, на кои потрошила огромни количини пари, но во 2016 година решила да им стави крај на пороците.
Френсис ги наследи богатството и авторските права на нејзиниот татко и денес има околу 200 милиони долари, но досега, вели таа, немала поим како се управува со пари.
Престанав да нарачувам луксузен Убер и сега нарачувам редовно возење или одам пешаки ако ми е блиску. Сфатив дека без оглед колку пари имам, може да се потрошат ако не располагам со нив паметно. Сега ангажирав луѓе за да ми помогнат во управувањето со парите – вели Френсис, која добивала 100.000 долари месечно за џепарлак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.