Халид Муслимовиќ е очаен, поради она што нареднава недела го чека пресуда поради претепвање на љубовницата Соња Башиќ во 2018 година, па и се заканувал преку порака.

Откако Основниот суд во Приједор донесе одлука дека пејачот мора да и исплати долг на жената со која бил во врска од 2015 до 2018 година во износ од 78.000 евра, го чека уште една пресуда. Имено, Соња пред 3 години го тужела Халид за физичко злоставување, а судејќи по се, не му се пишува добро. Свесен дека ќе биде осуден наредната недела очајниот пејач и се заканува на Соња по пат на пораки.

Кравата која дава 50 литри млеко и го расипува со нога, завршува во месната индустрија – е една од пораките кои ја изненадиле Соња.

Меѓутоа Халид не застанал тука, туку на поранешната љубовница и порачал дека тоа фино и лежи и дека доаѓа награда, а како прилог и пратил фотографија од сандак со цвеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.