Се е подготвено за гала венчавката на Богдана Родиќ и Вељко Ражнатовиќ која утре ќе почне прво во Тител, за да потоа продолжи во Белград.

Црквената венчавка ќе се одржи во Храмот Свети Сава, а потоа сите гости, преку 500, ќе одат во Хајат, каде прославата ќе продолжи до касно во ноќта.

На свдбеното мени ќе се најдат јадења за сечиј вкус, па така гостите ќе имаат можност да пробаат и некои егзотични специјалитети.

Цеца не се грижела за парите, па избрала богато мени за сите гости. Така на шведската маса ќе се најде риба, азиски зеленчук, разни месни специјалитети од говедско, пилешко и свинско месо, како и печење. Покрај тоа ќе биде послужена селекција на разни салати, сирења, како и сувомесни производи.

Доколку гостите не се засладат со тортата, во понуда ќе имаат чоколадна фонтана со свежо овошје и уште пет видиви разни колачи. Покрај сето тоа гостите ќе можат да конзумираат најквалитетни пијалоци од шампањ, преку вина до жестоки пијалоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.