Јелена Карлеуша му се поверила на Огњен Врањеш дека сопругот Душко Тошиќ и се заканувал поради нејзината афера.

Пејачката во една преписка со фудбалерот на Андерлехт, со кој тајно се гледала дури две години, спомнувала планови за заедничка иднина, но нагласила дека тоа ќе биде тешко поради нејзиниот маж.

Добро, нема веќе да зборуваме за тоа. Ќе бидеме како до сега, па до кога трае, трае – и напишал Врањеш на Карлеуша, поради што таа се навредила.

Не ни мислев дека ќе речеш дека ќе живеам со тебе – му одговорила пејачката.

Огњен потоа ја потсетил дека таа порано му се жалела дека Душко и се заканувал поради него и дека мора да се чува.

Па што да ти кажам кога ти ми рече дека тој ќе те убие – рекол фудбалерот, што Јелена и го потврдила.

Па тој ми се зкануваше така – му рекла Јелена.

Врањеш очигледно се изнервирал поради тие закани, па и ветил на тогашната љубовница дека ќе застане во нејзина заштита.

Ти мислиш дека јас би дозволил тој да те повреди – ја запрашал Врањеш Карлеуша, што неа ја трогнало, па по којзнае кој пат му изјавила љубов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.