Американскиот рапер Кање Вест законски си го промени личното име во Је, откако Судот во Лос Анџелес го одобри неговото барање.
Кање поднесе барање во август оваа година да си го смени името Кање Омари Вест во – „Ye“, без средно име и презиме, наведувајќи ги „личните причини“ како повод за промената. Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Мишел Вилијамс Корт сега го одобри неговото барање.
Раперот на Твитер во 2018 година објави дека „порано бил познат како Кање Вест“, но сега бил само Је. Истата година, тој го издаде и албумот „Ye“. Тоа е еднакво на зборот „ти“ во архаичен облик на множина од второ лице („вие“) во стариот англиски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.