Душко Тошиќ и Огњен Врањеш се сретнале првпат после порно аферата која го потресе Балканот, а чии главни актери беа токму босанскиот фудбалер и Јелена Карлеуша.

Шок средбата се одиграла на стадионот на Партизан, каде двајцата отишле да го следат дерби натпреварот меѓу Црвена Звезда и Партизан.

Душко дошол со помалата ќерка Ника и се сместил во првата ложа. Друштво му правеле пријателите и може да се каже дека сите биле добро расположени. После 15 минути на стадионот дошол и Огњен Врањеш со пријателите кои се сместиле само две ложи од нивната. Во моментот кога Врањеш седнал на своето место, буквално во целиот стадион завладеала штама.Сите гледале во една, па во друга страна, очекувајќи реакција – рекол извор кој се нашол на истото место.

Набрзо пријателите на Душко го известиле дека во негова непоредна брлзина седи Врањеш, но Тошиќ не успеал да се воздржи, па погледал во негов правец.

Во тој момент тие двајца буквално се погледаа во очи и тоа толку мрачно, што се чинеше дека ќе се пресметаат, иако меѓу нив седеле луѓе. Врањеш цело време му се смееше во лице, додека Душко не ја сокриваше нетрпеливоста кон колегата, што го покажуваше и неговото намрштено лице. Пријателите на Душко тврдат дека Тошиќ цело време се воздржувал ќерка му да не забележи дека е нерасположен, па се трудел да разговара со неа, како би го свртел вниманието од соперникот – рекол соговорникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.