Хрватскиот пејач Тони Цетински ја чека судската одлука за тоа дали ја предизвикал сообраќајната нереќа во Ровињ во која животот го загуби 62-годишнен маж.

Цетински првпат јавно зборува за случајот, кој вели, без разлика што ќе каже судот, веќе му го променил животот.

Во самиот судски процес ќе се видат сите факти и вистини. Но, како што реков, како што ќе одлучи судот, така и ќе биде. Ако се воспостави дека сум виновен, јас за мојата вина ќе одговарам. Се поминив со евентуалниот исход, бидејќи, пак ќе кажам, што и да одлучи судот, за мене ништо веќе не е исто после тој кобен 3 ноември 2017 година и никому не сакам ништо слично. Тоа е траума која ќе ја носам во себе до крајот на животот и ситуација која често ја сонувам и од која не можам да се извлечам, но тоа воопшто не може да се мери со трагедијата на семејството и пријателите на Ибрахим Кевљанин, рече хрватскиот пејач.

На Цетински му се суди дека кршејќи ги прописите за сигурност во сообраќајот предизвикал сообраќајкна несреќа со смртни последици од небрежност. Тој исто така се терети дека со возилото влегол во кривина без претходно да се увери дека може да сврти на сигурен начин и дека не ја прилагодил брзината на возење, а поради сите овие работи не го видел мажот кој лежел на пат.

Цетински прегази маж кој пијан лежел во уличка во Ровињ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.