Кит Флинт од „Продиџи“ се обесил, покажа истрагата.

Четириесет и деветгодишниот британски музичар беше пронајден мртов во својот дом во Есекс на 4 март и истрагата утврдила дека нема сомнителни околности.

Флинт беше еден од основачите на „Продиџи“, која изврши огромно влијание врз електронската музика.

Тој си го одзеде животот набргу откако групата се врати од турнејата во Австралија.

Флинт долги години имаше проблеми со алкохол, дрога и депресија и своевремено кажа дека сопругата Мајуми Каи го спасила од тој начин на живот. Тој и јапонската диџејка се разделиле пред неколку години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.