По разводот на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан со раперот Кање Вест, друг рапер станал главен додворувач со цел да го освои срцето на Ким.

како што објави магазинот „Хит Ворлд“, раперот Дрејк фрлил око на Кардашијан, при што, извор близок до ситуацијата, тврди дека Дрејк се надева на можна романса со Ким штом таа официјално се разведе од Канје Вест, со кого има четири деца.

На Дрејк никогаш не му беше јасно што виде Ким во Кање. Со години зборуваше дека тој не е за неа и дека Ким ќе заврши со солзи – изјавил изворот, додавајќи дека Дрејк почнал да и испраќа пораки на Ким веднаш штом слушнал дека таа поднела барање за развод во февруари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DRAKE 🔵 (@drakeofficlal)

Дрејк е подготвен да се сретне со Ким штом таа тоа го посака и тој е убеден дека тоа ќе се случи наскоро – тврди извор близок на раперот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Дрејк и Кање веќе имаа вербални судири во јавноста, а тие беа претежно поврзани со Ким.

Фановите веруваат дека Дрејк во неколку свои песни алудирал дека имал сексуални односи со Ким, а на Кање не му се допаѓало тоа што тој никогаш не го негирал тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.