Актерот и комичар Џек Вајтхол во неговата емисија беше домаќин на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Во разговорот, тој откри дека војвотката му била прва симпатија уште од школските денови.

Бидејќи таа е постара од него шест години, тој никогаш немал шанса да и пријде на училиште.

И тогаш ја сфати сериозноста на неговата изјава, па додаде: „Добро, дефинитивно не требаше да го кажам ова. Неговото височество ме гледа многу остро“.

Но, тоа не беше пречка тој да продолжи да флертува, па по завршувањето на шоуто имаше сериозен разговор со принцот Вилијам.

О, флертувавте со мојата сопруга? Не, не, беше многу смешно“. Тоа е неговиот начин да ми каже дека можеле да ме обезглават за тоа, пренесе комичарот дел од разговорот, истакнувајќи како принцот бил на овој начин пасивно-агресивен кон него.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.