Северина Којиќ неколку месеци престојува во Хрватска, додека нејзиниот сопруг Игор времето го поминува во Белград. Дека за нивниот брак му дошол крајот од ден во ден се повеќе гласно се зборува.
Соседите на популарниот фолкер откриле дека српската снааа не ја виделе долго.
За нивниот однос проговорил и свекорот на Северина, Кеба, кој новинарите го „начекале“ кога го шетал кучето.
Незнам каде се нити знам каков е нивниот однос. Возрасни луѓе се и сигурно знаат што прават. Од друга страна се што прават, си прават за себе. Ако мене ме прашувате, љубовта никогаш не треба да се објаснува, нити може да се објасни. Зборот никогаш не го употребувам како оружје, ни за одбрана, а и за напад, така ќе биде и овој пат. Нека се живи и здрави и господ да им подари благодет и среќа во живот – рекол Кеба помалку филозофски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.