Српскиот фолк пејач и свекор на Северина, Драган Којиќ-Кеба, се впушти во бизнисот со алтернативна медицина. Како што пренесуваат српските медиуми, тој произведува вијагра на природна база и доста е горд на неа.
Отсекогаш сум имал желба да се занимавам со алтернативна медицина. Веќе 20 години го сакам тој спој со природата. Ние правиме природни лекови за детоксикација, вијагра. Ги испробав сите мои производи и се уверив дека имаат своја магија и вистинската мерка за човекот. Во слободното време во текот на короната, се прашував што друго би можел да работам, така се појави идејата и сигурен сум дека сум на вистинскиот пат. Пријателите и пријателките ја пробаа, како и семејството и сите се задоволни. Што се однесува до машката популација, вие знаете што тие најмногу пробаа. Наскоро ќе правиме и капки за релаксација, но јас тоа прв морам да го пробам за да се осигурам дека производот е добар. Никогаш не треба да си играте со природата, и ова е вистинската комбинација, вели тој за српски „Ало!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.