Хрватската поп-ѕвезда ги откажа настапите, а не се појави ниту како гостинка на концертот на нејзиниот свекор, фолк-пејачот Драган Којиќ-Кеба во Белград.
Нејзин пријател за српските медиуми изјави дека пејачката го очекува нејзиното второ дете.
Сигурен сум дека Северина и Игор Којиќ го очекуваат првото дете, но тоа го кријат од јавноста. Убавата вест ја имаат споделено само со потесното семејство. Таа се правдаше дека поради настинка не дојде да пее на концертот на Кеба, но не е така. Северина претходно беше во САД на терапија која очигледно и помогнала да забремени, открил пријателот.
Дека пејачката е трудна ја издаде и нејзиниот свекор.
Дај боже наскоро да пејам на прославата за раѓањето на внучето. Ќе биде и тоа. Исто така, сигурнои ќе има прилики кога Северина ќе гостува на мој концерт. Сега имаше оправдани причини и воопшто не ѝ замерувам. Со неа се слушаме секој ден, сè е во ред, изјавил Кеба за српски „Информер“.
Српските медиуми тврдат дека со оглед на тоа дека има 46 години, како и поради спонтаниот абортус кој го доживеала во април, Северина сака првите недели од бременоста да ги помине во мир, одмор и без стрес, далеку од очите на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.