Изгледа дека Драган Којиќ Кеба нема намера да остари, па постојано нешто чепка и средува на лицето, оди на козметички третмани, инјектира ботокс и филери… А за кремовите и препаратите за лице и да не зборуваме – неодамна, фолк-пејачот лансира и сопствена козметичка линија!

Имено, Кеба беше уловен во козметички салон како мачка нешто на подочниците, кои му беа видливо црвени и отечени, а на нив имаше и фластери. Значи, сосема јасно е дека пејачот бил на козметички третман, а судејќи по црвенилото и отоците, изгледа некој го „унаказил“.

А не е исклучено и дека ја изнервирал сопругата Оља, па таа го изгребала… Што и да му се случило, не е за арно…

Извор: Убавина и здравје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.