После фотографиите и видеата кои се појавија во медиумите, а на кои наводно е голото тело на Јелена Карлеуша, се огласи и таа, наводно за последен пат. Таа исто така ги искоментирала и пораките кои таа ги праќала на фудбалерот Огњен Врањеш.
Јас сега да докажувам дека пораките кои се објавуваат не се мои, дека интимните делови од телото не се мои…дека жената на фотографијата на стомакот нема 3 царски резови и младежи како јас… нема цел. Медиумите заради тираж решија да ме убијат…да го убијат моето семејство.Нека гледа Србија. Немоќна сум. Крај – напишала Јелена на својот Твитер и додала:
Имам голема грда лузна од три царски реза. Третиот е кога го оперирав туморот на материцата. Голата жена која ја објавуваат медиумите, нема лузни. Наводните пораки може и мојата помлада ќерка да ги направи во апликација. Толку. Ова е последен пат што се огласив. Збогум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.