Огњен Врањеш се покаја заради проблемите кои и ги предизвика на Јелена Карлеуша со порно скандалот, па сега ја моли да му прости и да му се врати.
Бидејќи ЈК го блокирала на сите социјални мрежи, не можел да стапи во директен контакт со неа. Затоа преку заеднички пријатели и испратил порака во која пишувало: Прости ми се…Се уште те сакам. Жал ми е што сето ова отиде предалеку. Бев повреден…Во своето лудило не знаев што правам. Се кајам. Можеме ли да се видиме?
Меѓутоа, Јелена не сака ниту да чуе за него. Не сака да му прости што во јавност ги пласирал порно фотографиите.
Кога пријател и ја прочитал пораката на Огњен, ЈК се развикала: Одете двајцата во мајчина! И ти што го пренесуваш сето ова и Врањеш! Таа порачала на зедничкиот пријател дека за неа Огњен веќе не постои и дека веќе никогаш нема да му верува. Бесно додала дека не би ја чудело тој лудак да сака повторно нешто да и смести, бидејќи тој немал ни трошка морал – кажал извор за српски Информер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.