Јелена Карлеуша која пред повеќе од 10 дена ја изгуби нејзината мајка и доживеа страшна болка, наскоро со сопругот Душко Тошиќ и нивните ќерки ќе се преселат во нивната нова куќа на Дедиње.
Карлеуша се уште не е подготвена да и се врати на работата, но и да се занимава со преселувањето затоа што се уште е во жалост, затоа одговорноста за сето тоа ја презеде нејзиниот сопруг.
Иако Јелена и Душко и сега живеат во вила во Дедиње, оваа нова куќа ќе им пружи повеќе удобност. И оваа вила е сместена во елитниот дел на Дедиње, а освен просторот има големо двориште, четири големи купатила, како и базен пред самата куќа. А најчудно е тоа што на бетонската ограда е поставена и бодликава жица за што и никој не би се осмелил да провали. Освен оградата, се шпекулира дека вилата има најсовремен безбедносен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.