Дивна Карлеуша почина на 3 март, а нејзината ќерка Јелена Карлеуша најмногу ја погоди оваа вест. Дивна и Јелена биле многу блиски, толку што радио водителката не сакала да роди второ дете, бидејќи сакала сета нејзина љубов да биде насочена кон ќерката.
Најголемата поддршка на Јелена била токму нејзината мајка, а оној ден кога слушна за тажната вест, пејачката се повлече.
Освен што не излегуваше никаде освен на гробишта, Јелена сите работни обврски ги одложи, па се до вчера не се појавуваше на снимањата на Ѕвездите на Гранд.
Сепак, Јелена решила лавоски да се бори и да се врати на јавната сцена, но и социјалните мрежи.
На првото снимање предизвика вистински хаос со својата појава, а денeска и се огласи. Карлеуша постави фотографија на која доаѓа на снимање, со што испрати порака дека таа е силна жена и покрај својата болка и страдање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.