Српските медиуми пишуваат дека српската турбофолк пејачка Јелена Карлеуша по порно скандалот ја зголемила цената за настапите. Така вчеравечер во клуб во Виена настапила за 20 000 евра, а претходно добивала по 12 000.
Таа ќе настапи и во Амстердам викендов, така што за само два дена ќе заработи 40 000 евра, зашто сите сакаат да ја видат.
Според медиумите, до крајот на годината би можела да заработи и до милион и пол евра.
Таа објави и нов албум, кој на музичките платформи има милионски преглед за само неколку дена. Карлеуша профитираше и на Инстаграм, каде сега ја следат два милиона фанови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.