Јелена Карлеуша и се заканила на водителка на една телевизија, чии услуги ги користел нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, преку уапсениот макро Михајло Максимовиќ.
Како што дознава српски Курир, малата од скандал тотално полудела кога дознала дека тие двајца и после сексуалниот однос продолжиле тајно да се гледаат, па ги зела работите во свои раце и решила да ја одалечи од својот маж.
И пред да се објави дека Душко се гледа со водителката, Јелена тоа го знаела. Тоа ја погодило и на сите начини се обидувала да ја сокрие аферата. Не можела да верува дека дека сопругот и имал секс со проститутка, на која параван и бил работата на телевизија. Лесно дошла до нејзиниот број. И се јавила и и кажала се и сешто.
Девојката се исплашила и не знаела како да се извлече. Пејачката и порачала да се одалечи од Душко или нема добро да помине. Исто така и кажала и да негира дека била со нејзиниот маж.
Девојката наводно се исплашила и ветила дека повеќе нема да се чуе со Душко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.