Јелена Карлеуша постојано е во фокусот на јавноста благодарение на Инстаграм, каде што има преку 2 милиони следбеници.
Следбениците го следат нејзиниот стил, а таа не крие како го постигнува совршениот изглед.
Вчера, една Македонка исто така објави видео, во кое се преобрази во балканската дива, со помош на перика и секако, со шминка.
Се работи за познатата шминкерка од Велес, Андријана, која работи под препознатливиот своевиден бренд BeautyAnica и е позната по тоа што со помош на шминка се преобразува во познати личности.
Овојпат инспирација пронајде токму во Карлеуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.