Јелена Карлеуша на сите начини избегнува да се појави на судењето со поранешниот љубовник Огњен Врањеш, бидејќи се надева дека фудбалерот на Андерлехт ќе се откаже од тужбата за закани и навреди кои ги изнесе таа на социјалните мрежи, откако се дозна за нивната бурна врска.

За потсестување, првиот пат адвокатите на пејачката како причина за нејзиното недоаѓање го наведоа тоа што не беа поминати 40 дена од смртта на мајка и Дивна, а вториот пат дека не ја добила поканата. Меѓутоа третото рочиште се наближува и Карлеуша реши да ги земе работитие во свои раце, па на спортистот му испратила порака преку посредници. Во неа, според изворот, била прецизна и ја интерсирало што ќе прави Врањеш со тужбата.

Третото судење се наближува, а на Јелена никако не и иде во прилог да се појави, бидејќи знае дека ќе пукне уште поголем срам и дека на површина ќе испливаат уште многу детали за нивната бурна врска која ја имале последните две години. Свесна е дека медиумите внимателно ги следат рочиштата и затоа избегнува да се појави на нив, меѓутоа кога адвокатите и кажале дека веќе нема каде, решила да ги земе работите во свои раце и да го наговори поранешниот љубовник да се откаже од тужбата. На пријателка и рекла дека на Врањеш му испратила порака во врска со судењето, но дека тој не ја ни отворил и со тоа незнае на што е – рекол изворот и додал дека таа се труди на секој начин да го одржи семејството заедно.

Поради децата сака агонијата со Огњен да заврши, бидејќи нејзините наследнички се големи и имаат пристап до социјалните мрежи. Покрај тоа сака по секоја цена да го одржи бракот со Душко иако знае дека тој ја изневерува – завршил изворот.

Инаку нарендото судење е на 31 мај, и доколку Јелена не се појави своелволно, ќе следи приведување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.