Огњен Врањеш минатото лето влегол во врска со Катарина Грујиќ, само за Јелена да ја направи љубоморна.

Тие двајцата во тоа време биле скарани и фудбалерот на белгискиот Андерлехт решил ЈК да ја извади од такт. Во тоа и успеал, со оглед на информациите дека таа доживеала нервен слом кога дознала дека Врањеш ја смувал нејзината колешка, која таа јавно ја фалела.

Јелена на Огњен му го помати разумот. Тешко му падна тоа што раскинаа. И на неа не и беше сеедно и тоа тој добро го знаеше. Беше свесен што ќе ја изнервира и на што ќе реагира. Каќа му се допадна, па по некое време започнаа врска. И успеа во намерата да предизвика љубомора кај Карлеуша – открива извор близок до босанскиот фудбалер.

На крајот Огњен ја оставил Каќа, после три месеци врска, по што се смирил со Јелена.

Врањеш не сакаше да ја изгуби Јелена. Штом заврши со Катарина, ја извести Јелена, па ја обновија врска. Хармонијата траеше до 3 јануари, кога Душко во телефонот ги најде преписките со Огњен – завршува изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.