Љубовта меѓу поп дивата Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш изгледа била толку силна што пејачката посакала да му роди дете на босанскиот фудбалер.

Според информации на Курир.рс, но и според смс што ги разменувале, во еден момент од врската Јелена се посомневала дека е бремена. Таа му се пожалила на спортистот дека ја болат градите и дека можеби чека негово дете.

Меѓу Јелена и Огњен се роди силна љубов, страсна, иако се почнало без врска, преку Инстаграм. Тоа траеше полни две години и најблиските од опкружувањето на пејачката знаат што се преживеаја тие двајцата. Солзи и смеа, грижи, патувања, а во налетот на најголемата љубов дури и желба да добијат заедничко дете. Јелена неколку пати му велеше на Огњен дека би сакала наследник со него, а еднаш дури и му пишала дека ја болат градите и дека се сомнева дека е трудна. Со оглед на тоа што ова би ѝ било трета бременост, симптомите што ги имала, од искуството ја навела да се посомнева во тоа, раскажал изворот за Курир.

Изворот на српскиот таблоид, фудбалерот на Андерлехт не бегал од одговорноста кога му соопштила дека се сомнева во бременост.

Огњен сака деца и нормално дека сакаше Јелена да му роди дете, зашто многу ја сакаше. Дури и тој ѝ велеше дека ако се покаже дека навистина е трудна, да го задржи детето, а другото заедно ќе го надминат. Тој во сèе ја поддржуваше. Сè правеше за да биде среќна. Најсреќен беше кога му рече да ѝ направи дете. Не знаеше дали се шегува или не, но му беше мило, вели соговорникот.

Меѓутоа, до скандалов дошло бидејќи Јелена му давала лажна надеж на Врањеш дека ќе се разведе од Тошиќ.

Му велеше дека не може веќе да живее лажен живот, дека ја мачи тоа што е јавна личност и што сите очи се вперени кон неа, но дека е најде решение и ќе се разведе. Секако, тоа не сеслучи. Планираа заеднички живот и ќе се криеја уште некоја година, ако требаше, но Душко ги пронашол пораките и така заврши нивната љубов. Всушност, не раскинаа, туку таа сфати дека погрешила и затоа сега на сите начини се обидува да го зачува бракот, тврди запознаениот извор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.