Кање Вест сака да го промени своето име во „Је“, според правните документи кои ги пренесува „Варајети“. За тоа да биде официјално, судот во Калифорнија, односно судијата, мора да се потпише и одлуката за промената на името мора да биде објавена во неколку весници.

Во документите, Вест наведува дека промената на името е „од лични причини“, но не дава поподробно објаснување.

Деновиве раперот е актуелен со новиот албум „Donda“. Првите промоции се случуваат во неговото родно Чикаго.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.