Во понеделникот „зад завеси“ во еден сараевски ресторан се случила „корона забава“, јавува Klix.ba, на која присуствувале дваесетина лица, меѓу кои и пејачите Халид Бешлиќ, Шериф Коњевиќ, Хари Варешановиќ, Слаѓана Мандиќ, Семир Цериќ…
Иако угостителските објекти во БиХ сè уште се официјално затворени, тие се собрале во еден ресторан во Сараево, каде била одржана приватна забава која ја приредил сараевскиот хирург Јусуф Шабановиќ по повод својот роденден. На прославата дошол и министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Коштарац како и Нихад Фејзиќ, декан на Ветеринарнарниот факултет во Сараево и член на телото за следење и анализа на ситуацијата предизвикана од коронавирусот во Кантонот Сараево.
Една од присутните на забавата била и Слаѓана Мандиќ која целата забава ја снимила на својот инстаграм-профил објавувајќи видеа. Распеаните Шериф, Халид, Хари со чаши во воздухот, се забавувале, а Слаѓана сето тоа го снимила, иако отпосле ги избришала снимките.
Полицијата реагирала и сите учесници во забавата се казнети. По пријавата, полицијата за 15 минути пристигнала во ресторанот. Гостите на „корона-забавата“ на лице место биле казнети со по 500 босански марки (255 евра), а газдата на ресторанот ќе заработи казна помеѓу 2.000 и 10.000 босански марки (1.020 – 5.100 евра).
Срамота, ова е неверојатно! Луѓе што преку ден повикуваат строго да се почитуваат мерките, вечерта самите ги уриваат, додека половина милион луѓе во градот се во карантин. Никој не е над законот и сите ќе си ги добијат казните, изјавил за сараевски „Аваз“ министерот за внатрешни работи Исмир Јусо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.