Вилата вредна два и пол милиони евра, која Душко Тошиќ ја купи од Драган Стојковиќ Пикси како подарок за неговата сопруга, се наоѓа во елитниот дел на Белград, Сењак. Куќата на три спрата, четири тоалети, внатрешен и надворешен базен, две гаражи и раскошен двор, Јелена Карлеуша ја доби непосредно пред избивањето на скандалот во јавноста.
Тогаш пејачката се пофали со скапоцената вила од нејзиниот „дарежлив сопруг“. Карлеуша за српските медиуми зборуваше колку е горда на Душко што парите не ги фрла на облека и глупости, туку мисли на своето семејство и се труди да им обезбеди удобен живот.
Таа вети и забава по повод вселувањето на семејството, но претходно морало да има мало реновирање, како и обновување на мебелот, кој по специјална нарачка ќе ѝ стигне од странство. Планот бил веќе на пролет Јелена, Душко, Атина и Ника да се преселат целосно во новиот луксузен дом.
Но, екипа на српскиот весник „Ало“ ја посети елитната населба да провери до каде се сите овие работи. Таму не наишле на никакви докази дека работите воопшто започнале, ниту пак дека некој влегувал внатре.
Не можам да ви кажам ништо, а и не смеам да разговарам со вас, им рекол чуварот на имотот, единствениот човек присутен таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.