Актерката Гвинет Палтроу најверојатно беше клучна фигура во падот на продуцентот Харви Вајнстин, пишува „Гардијан“.

Според пишувањата, Палтроу била уплашена јавно да каже и да го обвини продуцентот за предаторското однесување, но била клучниот сведок.

Гвинет била една од првите кои одговориле на повикот и се посветила да им помогне во истрагата дури и кога Вајнстин се појавил на забава во нејзината куќа а таа била принудена да се крие во тоалетот додека разговарала со новинарите. Палтроу глумеше во многу филмови кои Вајнстин ги продуцирал, вклучувајќи го и „Вљубениот Шекспир“ каде што беше наградена со Оскар. Таа призна дека тој сексуално ја вознемирувал.

Бев дете. Се скаменив. Во тоа време бев во врска со Бред Пит, кој кога дозна, му се закани на Вајнстин. Мислев дека ќе ме отпушти од работа, изјави Палтроу.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.