Гордана Шаулиќ е неутешна после смртта на сопругот, кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ.

Вдовицата на Шабан одбива да ја напушти семејната куќа на Дедиње, иако децата повеќе пати и предлагале барем на кратко  да го напушти Белград, како би се одморила и би ги собрала мислите.

Гоца е многу лошо. Воопшто не излегува од дома. Ја посетуваат децата и кумовите Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, со кои понекогаш седи и разговара цела ноќ. Ретко спие и слабо јаде. Сите и предлагаа на кратко да отпатува надвор од Белград, но таа тоа го одбива, како да чека Шабан секој момент да се појави- раскажал добро информиран извор.

Дека ова за жал е вистина, индиректно потврдила и самата Гоца.

Ве молам имајте разбирање во овие тешки денови и моменти. Како да бидам, се борам – рекла накратко Гордана за медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.